Македонија ќе добие национален регистар на комуникациската мрежа

Bez autora
Aug 03 2011

Хрватската компанија "ГДи Гисдата" на меѓународен тендер ја доби зделката за имплементација на интегриран систем за единствен национален регистар на севкупната јавна фиксна и радио-комуникациска мрежна инфраструктура во Македонија. Нарачател на системот е Агенцијата за електронски комуникации на Македонија (АЕК). Износот на зделката не е објавен во соопштението на компанијата. Претседателот на компанијата, Борис Лончариќ, изјави дека системот истовремено ќе се користи и за евиденција на нивото на искористеност на телекомуникациските капацитети, што би требало да претставува основа за регулација и воедначување на правото на пристап до слободните капацитети на телекомуникацсиката инфраструктура во Македонија. Проектот треба да започне да се имплементира веднаш и да биде готов до крајот на годината.

Македонија ќе добие национален регистар на комуникациската мрежаХрватската компанија "ГДи Гисдата" на меѓународен тендер ја доби зделката за имплементација на интегриран систем за единствен национален регистар на севкупната јавна фиксна и радио-комуникациска мрежна инфраструктура во Македонија.

Нарачател на системот е Агенцијата за електронски комуникации на Македонија (АЕК). Износот на зделката не е објавен во соопштението на компанијата.

Претседателот на компанијата, Борис Лончариќ, изјави дека системот истовремено ќе се користи и за евиденција на нивото на искористеност на телекомуникациските капацитети, што би требало да претставува основа за регулација и воедначување на правото на пристап до слободните капацитети на телекомуникацсиката инфраструктура во Македонија.

Проектот треба да започне да се имплементира веднаш и да биде готов до крајот на годината.

Покрај оваа зделка, компанијата работи и со Градот Скопје на изработка на јавен географски информативен систем преку кој на граѓаните на Македонија треба да им се овозможи пристап до деталните урбанистички планови и други документи.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik